Фудбалерите на Лацио приредија изненадување во 33. коло од Серија А, откако славеа на гостувањето кај второпласираниот Наполи со 2-0.
Домашниот состав во натпреварот влезе по ремито со Парма од минатото коло, но римскиот клуб беше без триумф на последните две средби. Сепак, избраниците на Маурицио Сари одиграа поконкретно и заслужено стигнаа до трите бода.
Гостите поведоа уште во шестата минута преку Матео Канчелери, а во 31-та минута имаа шанса да ја зголемат предноста. Матија Закањи не реализираше пенал, откако неговиот удар го одбрани голманот Вања Милинковиќ-Савиќ.
Во продолжението немаше многу возбудувања, а конечните 2-0 ги постави Тома Башиќ во 57-та минута, со што Лацио си замина од Неапол со голема победа.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас влезе во игра во второто полувреме кога го замени Кевин Де Брујне.