Елмас објасни зошто блеска за Македонија а во Фенер се мачи и испрати порака до тренерот Јанал

by
1 минути читање

19 годишниот Елиф
Елмас оваа сезона се мачи во дресот на Фенербахче, но блеска со
репрезентацијата ма Македонија. Против Летонија тој два пати се запиша во
листата на стрелци, а вториот гол беше мајсторија која ретко се гледа и која ги
воодушеви и европските медиуми.

Во разговор со
турските медиуми, Елиф Елмас направи споредба помеѓу играњето за Македонија и
Фенербахче и вели дека во дресот на „црвено-жолтите“ игра поофанзивно и затоа
доаѓа до израз и покажува што умее.

„Играм како 10-ка
или по крилната позиција уште од најмалите категории. Во репрезентацијата играм
во форот, додека
пак во Фенербахче играм поназад и имам подефанзивна улога. Се
чувствувам покомфорно во дресот на Македонија“
– вели популарниот „дијамант“.

„Се гледам како
10-ка, а не како 6-ка или 8-ца. Јас сум креативец, но ги почитувам одлуките на
тренерот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани