Елмас: Не сум играл само уште како голман… но не му кажувајте на Оспина, ќе се налути

by
1 минути читање

Елиф Елмас
денеска разговараше со Радио Кис Кис, Македонецот доби прашање за неговата
омилена позиција, со оглед на тоа што пополнува неколку места во формацијата на
Наполи.

„Не сум играл
само уште како голман… нo не му кажувајте на Оспина, ќе се налути“
– вели Елиф
Елмас со насмевка на лицето.

„Преферирам да
сум офанзивен играч во средниот ред, но одлично се чувствувам и како лево
крило. Се адаптирам на секоја позиција, најважно е да се игра редовно“.

По доаѓањто на
Лучано Спалети, Македонецот ужива поголема минутажа во „синиот“ дрес.

„Тренерот ме сака
а и јас него. Многу работи се променија по неговото пристигнување во клубот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×