Елмас летоска сакал да си замине од Наполи, но го предомислиле

by
1 минути читање

Според „Телевормеро“ кој ја има оваа информација, наводно Елмас побарал трансфер, тогаш нашиот фудбалер се поврзуваше со Милан. Елиф не сакал да биде џокер од клупата, сакал поголема минутажа и во потрага по неа сакал да замине.

Но, Џунтоли и Спалети успеале да го убедат да остане во тимот потенцирајќи ја неговата важност во тимот.

„Џунтоли поддржан од Спалети на многу умешен начин разговараа со Елмас и го убедија да остане. Спортскиот директор и тренерот му посочиле дека секој член на Наполи е исклучително важен и посебно го мотивирале Македонецот да биде уште подобар. И сега не е конинциденција што Елмас е еден од најдобрите и што ја игра најдобрата сезона, а веќе според голгетерскиот ефект ги надмина сите негови досегашни со петте гола“, објави Телевормеро.

Елмас на почетокот од сезоната, во мечевите пред Светското првенство продолжи да биде џокер, но по Мундијалот доби поголема минутажа и максимално ја искористи. Во моментов е трет стрелец на Наполи по Осимен и Кварацхелија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×