Елмас и соиграчите израдуваа 10 годишно детенце кое се мајтапеше со Интер: Ладно е надвор, минус 13! (ФОТО)

by
1 минути читање

Наполи синоќа имаше специјален гостин на „Диего Армандо Марадона“, 10 годишно детенце, млад актер од мини серијата „Реста Кон Ме“ на РАИ. Момчето стане хит на популарниот фестивал Санремо откако се мајтапеше со водителот Амадеус, кој е голем фан на Интер.

Кога момчето се качило на бината, му се обратило на Амадеус и му рекло: „Надвор е ладно, минус 13“.

Момчето алудира на разликата помеѓу Наполи и Интер на табелата, „наполитанците“ до вчера имаа 13 бода предност (по победата над Кремонезе, Наполи сега бега 16 бода).

Па претседателот Аурелио Де Лаурентис го поканил момчето, кое доби дрес потпишан од Елиф Елмас и соиграчите, а се сретна и со тренерот Лучано Спалети.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани