Елмас го одбра најубавиот погодок оваа сезона и порача: Можам да стигнам до двоцифрен број! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Елиф Елмас седна
на интервју со Радио Кис Кис, Македонецот говореше за неговите индивидуални
постигнувања оваа сезона, но и оние на Наполи, кој доминира во Серија А и има
+18 на врвот на табелата.

„Да, сезоната е
убава, и лично за мене и за тимот. Среќен сум со бројот на постигнати голови
(6) но до крајот на сезоната има уште многу и можам да стигнам до двоцифрен
број“
– вели Елиф Елмас.

Запрашан кој му е
најубав гол оваа сезона, тој додава: „Сите голови се убави, но кога веќе треба да
одберам, би рекол тој против Удинезе“.

За можноста да ја
обои косата доколку Наполи го освои Скудетото, Макдонецот порача: „Имаме 18
бода предност и тоа многу, но до крајот на сезоната има уште 14 натпревари.
Мораме да одиме натпревар по натпревар и да играме онака како што умееме. Она
што го направивме е прекрасно, но ќе продолжиме во ист стил до крајот на
сезоната“.

„За да го
одбележиме Скудетото, можно е целиот тим да ги обоиме косите во сина боја“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани