Елмас атрактивно погоди, но Торино загуби од Болоња (ВИДЕО)

by Стефан
8 минути читање

Екипата на Торино загуби од Болоња во натпревар со пет погодоци со 3:2.

Овој натпревар за нас е посебно интересен затоа што Елиф Елмас го постигна својот првенец по враќањето во Италија.

Ндоје го отвори резултатот во 20. минута, а Болоња до крајот на првиот дел успеа да израмни на 1:1.

Елмас во игра влезе во 62. минута и само три минути подоцна на мајсторски начин се запиша во листата на стрелци. Македонскиот репрезентативец прво одлично се ослободи од својот чувар протнувајќи му ја топката низ нозете, а потоа и ја префрли топката над голманот.

Сепак, Болоња само пет минути подоцна постигна уште еден гол преку Ндоје за 2:2 за во продолжение Бираги да си постигне автогол за конечни 3:2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани