132
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас ја доби довербата на тренерот Антонио Конте и првпат оваа сезона ќе биде стартер за Наполи во Лигата на шампионите, на домашниот меч против Ајнтрахт Франкфурт.
Елмас ќе заигра во офанзивниот дел од средниот ред првпат во европската елита. Досега тој беше стартер само против Лече во Серија А, а вкупно за Наполи досега одигра девет меча оваа сезона.
- Стартни состави за натпреварот:
Наполи: Милинковиќ-Савиќ; Ди Лоренцо, Бонџорно, Рахмани, Гутиерез; Лоботка, Ангиса; МекТоминеј, Елмас, Политано; Хојлунд
Франкфурт: Зетерер; Теат, Кох, Колинс; Кристенсен, Чалби, Ларсон, Браун; Бахоја, Геце; Буркардт