Елези: Како да не ни е судено да го дадеме тој гол!

by riste
1 минути читање

Македонија одигра уште еден меч без постигнат гол, веќе осми по ред, со Швајцарија бевме добри во првото полувреме, но немавме ни удар во рамките од голот.

Елези ја истакнува добрата игра во првото полувреме, и изразува надеж дека работите ќе се променат на подобро.

„Голема штета, особено поради првото полувреме кое го одигравме добро. Како да не нѝ е судено да го дадеме тој гол. Имавме шанси и бевме егал со една репрезентација која играше четвртфинале на Светското првенство“, изјави Елези.

Македонскиот репрезентативец призна дека тимот го даде максимумот, но тоа не било доволно за да се избегне нов пораз.

„Излеговме на терен да дадеме максимум, но како да не беше доволно. Жал ми е за публиката која дојде во голем број. Мислам дека сме многу добра група на фудбалери, работиме напорно и се надевам дека работите ќе тргнат во позитивна насока“, додаде Елези.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×