132
Англија е во транс, по само трет пат во историјата нивната репрезентација е во полуфинале на Светско првенство. На Англичаните не им се даваа големи шанси, но тие вечерва со Хрватска ќе се борат за пласман во големото финале.
Главен виновник за нивниот успех е селекторот Герет Саутгејт кој има уникатен имиџ. Неговото елече се продава како „алва“, а компанијата која го произведува „M&S“ објави дека продала илијадници примероци во изминатите денови.
Тие ќе бидат застапени и на денешниот натпревар против Хрватска, голем дел од фановите на Англија го набавија фамозното елече, некои групи и се сликаа облечени сите во него.