Ел Шарави и Абрахам погодија за гостинска победа на Рома (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Со казната на Јувентус, се зголемија шансите на Рома за место меѓу четирите најдобри, а денеска освоија важни три бода за остварување на таа цел.

Тимот на Мурињо одигра еден организиран натпревар, без грешка во одбраната, Специја не упати ниту еден удар во рамките од голот на Руи Патрисио.

Рома го отвори резултатот пред самиот крај на првото полувреме кога при една контра Дибала асистираше до Ел Шарави кој постигна лесен гол за водство од 1-0.

По само четири минути игра во второто полувреме, Дибала повторно ја имаше улогата на асистент, овојпат до Абрахам кој ги постави конечните 2-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×