Екеленкамп даде ефектен гол, само реми на лидерот Наполи со Удинезе (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Наполи не успеа да се радува во мечот од 24. коло на Серија А и одигра нерешени 1-1 против Удинезе.

Натпреварот на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол беше разочарувачки за домашните навивачи. Избраниците на Антонио Конте одиграа солиден прв дел, а потоа беа резигнирани во продолжението без вистинска желба и енергија за да дојдат до победата.

Успеа Наполи да поведе во финишот на полувремето со голот на Скот Мектоминеј во 37. минута, меѓутоа неколку минути подоцна Удинезе израмни со ефектен гол на Јирген Екеленкамп.

Во второто полувреме гостинската екипа добро се одбрани и го задржа лидерот далеку од својот гол.

Наполи има 55 бода на првото место, четири повеќе од Интер кој утре игра со Фиорентина. Од друга страна Удинезе има 30 бода на десеттата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани