Eфикасно попладне во ПМФЛ: Пелистер оди во баражот за опстанок!

by Стефан
1 минути читање

Ефикасно беше денеска на фудбалските терени во македонската Прва лига и на само три натпревари видовме дури 17 постигнати гола.

Најубедлив беше Работнички кој против Шкупи броеше до седум и славеше триумф од 7-0.

Возбудливо беше и на дуелот во Гостивар помеѓу Башкими и Македонија Ѓорче Петров кој заврши без победник со 3-3.

Гостите први стигнаа до водство со голот по 11 минути игра, меѓутоа Башкими до крајот на првиот дел постигна три гола со кои направи целосен пресврт и поведе со 3-1. Второто полувреме им припадна на „лавовите“ кои со голови во 52. и 87. минута дојдоа до реми.

Немаше победник и на средбата во Кавадарци каде што Тиквеш и Пелистер ремизираа 2-2. Ацковски и Сила стрелаа во 29-тата и 38-та минута за 2-0 за Тиквеш, додека битолчани со двата гола на Ивановски во период од три минути во 73-та и 76. минута дојдоа до бод.

Некоја минута подоцна и уште еднаш се тресеше мрежата на Тиквеш, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција.

Со ова реми стана и дефинитивно јасно дека Пелистер е тимот кој ќе игра бараж за опстанок бидејќи Башкими на едно коло пред крајот сега има пет бода повеќе.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×