Еднаш згрешивме и Франција казни, пораз на македонските надежи

by
1 минути читање

Младите французи влегоа како голем фаворит во дуелот со Македонија, во нивниот состав играат фудбалери како Мелие, Салиба, Калулу, Камавинга… па јасно беше дека ќе биде тешко.

Но Македонија играше одлична дефанзива, тимот на Драган Канатларовски се бранеше организирано и одолеваше на Франција која се мачеше да создаде сериозни шанси за гол.

Имаа два посериозни обиди во првиот дел, а тогаш и ние ја имавме единствената шанса на мечот, но Илиевски не успеа да ни донесе водство.

Играта беше слична и во вториот дел, Франција напаѓаше, ние се браневме и не им дозволувавме да креираат шанси.

Единствениот голем кикс го имавме во 75. минута кога Манев без никаква намера го проигра Калулу кој постигна гол за водство на Франција од 1-0.

До крајот на мечот немаше многу игра, се случуваа постојани прекини, па не се случи ниту една шанса кон двата гола.

Ова беше втор пораз за Македонија во овие квалификации, по шест одиграни меча имаме шест бода и сме на третото место. Франција е лидер со 16 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×