Трансфер сагата на Родри и понатаму е во фокусот на шпанската јавност, последните информации велат дека Бернардо Силва не бил воодушевен од идејата повторно да игра со Шпанецот.
Родри оваа недела потпиша со Барселона и стави крај на драмата, Шпанецот долго време се најавуваше како засилување за Реал Мадрид, но на крајот заврши во лутиот ривал.
Жозе Мурињо вчера објасни зошто фудбалерот од средниот ред не завршил на „Бернабеу“, откри дека покажал сомнежи, а на Реал Мадрид не му требаат играчи кои двапати се мислат дали да потпишат.
Медиумите од Шпанија сега откриваат нови информации за трансфер сагата, и пишуваат дека една ѕвезда на Реал Мадрид не го сакала Родри во тимот.
Станува збор за Бернардо Силва, кој не бил воодушевен од идејата повторно да игра со Шпанецот, и покрај тоа што до пред неколку месеци делеа соблекувална во Манчестер Сити.
Наводно односнот помеѓу двајцата не бил најдобар, особено во последните месеци од нивниот заеднички престој на „Етихад“.
ФОТО: X/FC Barcelona