769
Њукасл Јунајтед се раздели со Мигел Алмирон, кој реши да замине во МЛС лигата.
30-годишникот се договори со Атланта Јунајтед и потпиша договор до 2027 година, со можност за продолжување до 2028. За овој трансфер Њукасл ќе добие 11 милиони фунти, па сите страни ќе бидат задоволни.
Парагваецот настапуваше токму за Атланта од 2016 до 2019 година, а тогаш пристигна во Њукасл за 21 милиони фунти. По пет години на „Сент Џејмс Парк“ и 223 натпревари сега Алмирон се враќа во Атланта.