Една година затвор за Мурињо и парична глоба од 2,2 милиони евра

by
1 минути читање

Приходите од имиџ
праваа му направија проблем на Жозе Мурињо со даночните власти во Шпанија. Но
исто како и другите престапници од светот на фудбалот, Португалецот се договори
со обвинителството.

Жозе Мурињо
прифати една година затвор за затајување данок, како и парична глоба од 2,2
милиони евра. Со оглед на тоа дека затворската казна е помала од две години и ова
му е прв престап, „Специјалниот“ нема да заврши зад решетки.

Тој исто така се
осигура дека поради ова дело нема да му биде отворено криминално досие, и
затворската казна ја замени со парична. Во следните 24 месеци тој ќе плаќа
глоба од 250 евра двневно, односно 182.500 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани