Перу на
мундијалот во Русија ќе настапи без својот најдобар играч, Паоло Гереро денеска
доби суспензија во траење од една година.
Напаѓачот падна
на допинг тест направен по натпреварот помеѓу Аргентина и Перу во октомври,
дуел од квалификациите за СП 2018.
Според светската
куќа на фудбалот, Паоло Гереро бил позитивен на кокаин, односно на бензоилекогнин.
„Со тоа што е
позитивен на забранете супстанца, играчот го прекрши членот 6 од анти-допинг
правилата на ФИФА, па беше применет членот 66 од Дисциплинскиот правилник“ –
гласеше известувањето.
Суспензијата на Паоло
Гереро започнува од 3. ноември 2017, датумот кога тој привремено беше
суспендиран додека да се почекaаt резултатите од вториот тест и конечната одлука.