Алехандро Балде репрезентативната пауза ја искористил за да се консултира со својот агент околу статусот во Барселона, но и за можноста за заминување од клубот во јануари.
Левиот бек сезонава одигра само 12 минути, и тоа во победата на Барселона над Расинг Сантандер со 7:2, поради што е видно незадоволен од својот статус кај Ханси Флик.
Германецот, наводно, уште летово, за време на подготовките, го информирал Балде дека во новата сезона нема да добива голема минутажа, бидејќи на левата бековска позиција пред него се Чави Еспарт и Жоао Кансело.
Неговиот агент Жорж Мендеш неодамна престојувал во Барселона, а по тој повод пред медиумите кратко изјави дека „никој не треба да се грижи за неговата иднина и дека наскоро сè ќе биде решено“.
Балде летово беше на мета на Манчестер јунајтед и Астон Вила, но англиските клубови не беа подготвени да платат околу 50 милиони евра за неговиот трансфер.
Балде беше еден од клучните играчи на Барселона во сезоната 2022/23, кога под водство на Чави беше меѓу најдобрите и најстандардните фудбалери на патот до освојувањето на шампионската титула.
Сепак, неговиот статус се промени со доаѓањето на Флик, особено откако во јануари Кансело пристигна во клубот најпрво на позајмица од Ал Хилал, а летово потпиша и двегодишен договор со Барселона.