Еден од најстарите фудбалски клубови во светот, Шефилд Венздеј, се соочува со сериозна криза и според британските медиуми клубот би можел целосно да згасне.
Тимот од Шефилд влезе во нова финансиска криза, поради што му беа одземени 12 бодови, што дополнително ја влоши веќе тешката ситуација. Венздеј и пред санкцијата беше на дното од табелата, а сега заостанува дури 13 бода зад најблискиот конкурент, Блекбурн.
Под водство на контроверзниот сопственик Дејфон Чаншири, клубот со години се бори со нестабилност и долгови. Англиската фудбалска лига веќе неколкупати го казнуваше, а во сезоната 2020/2021 му беа одземени шест бодови поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј.
Меѓу другото Ченшири беше обвинет дека ги прекршил обврските кон вработените и доцнел со исплата на плати за играчите и персоналот.
Инаку, Шефилд е еден од најстарите клубови во светот и зад себе има историја долга над 150 години.