Еден гол беше доволен, кој друг ако не Гризман (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Колчонероси“
држат чекор со лидерот Барселона благодарејќи на одличниот Антоан Гризман.
Французинот ги постигна последните шест гола на Атлетико Мадрид.

Попладневот,
напаѓачот од пенал биеше прецизно и ги осигура трите бода во дуелот со Леванте
на нашиот Енис Барди.

ВАР и денеска
покажа дека може да биде од голема помош во фудбалот. Со помош на видео
технологијата најпрво беше поништен гол на Коке во воведните десетина минути,
поради прекршок на зачетокот од акцијата.

Видео
технологијата потоа на стартот од вториот дел го потврди пеналот поради играње
со рака на Вукчевиќ. Антоан Гризнам ја изведе најстрогата казна и донесе
водство од 1-0 во 57. минута.

Леванте не се
предаде лесно и до крајот имаше неколку добри прилики, Облан со одлична
интервенција го спречи обидот на Моралес, а голманот на Атлетико беше поуспешен
и кога шутираше Мајорал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани