Ѕвездата на ПСЖ, Ашраф Хакими е обвинет за силување

by
1 минути читање

Во недела, 24-годишна девојка ја информирала полицијата дека била силувана од Хакими, но таа не сакала да поднесе официјална пријава. Сепак, обвинителството решило тие да покренат официјален случај.

„Врската“ меѓу Хакими и девојката наводно почнала на 16 јануари со пораки на Инстаграм, а кулминирала минатиот викенд кога требало да дојде во неговиот стан. Таа изјавила дека нивната средба излегла од контрола, односно дека Хакими насилно почнал да ја бакнува, да ја соблекол, за на крајот да има секс со неа и покрај нејзиниот отпор.

Нападнатата наводно се тепала со него, го оттурнала и успеала да испрати порака до една од нејзините пријателки да дојде да ја земе. Откако обвиненијата за силување се појавија во јавноста, сопругата на Хакими, со која имаат две деца, решила да се разведе од него. 

Хакими не играше на натпреварот на ПСЖ минатиот викенд, со оглед што подолго време е повреден.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани