Лацио веќе сериозно размислува за промена на тренерската позиција, а меѓу главните кандидати за клупата на римскиот клуб се наоѓа Џенаро Гатузо.
Италијанските медиуми пренесуваат дека поранешниот стратег на Милан повторно е подготвен за клупски ангажман по кратката и неуспешна епизода како селектор на Италија. Според информациите на Алфредо Педула, неговото име е високо на листата на желби на раководството на Лацио.
Гатузо во изминатиот период добил понуди и од други клубови. Турски Амедспор покажал сериозен интерес, но тренерот не бил заинтересиран за таков предизвик, додека преговорите со Торино пропаднале поради финансиски несогласувања.
Освен него, во игра за клупата на „Олимпико“ се и Рафаеле Паладино, кој се очекува да ја напушти Аталанта, како и Фабио Писакане, кој успеа да обезбеди опстанок со Каљари. Во меѓувреме, ситуацијата во Лацио не изгледа идеално. Маурицио Сари во текот на сезоната често имаше проблеми со клупската политика, особено поради продажбата на важни фудбалери и засилувањата кои пристигнуваа без негова согласност.