139
Џака се повреди на тренинг на швајцарската репрезентација и првичните информации не беа позитивни, Швајцарија стравуваше дека ќе го загуби големиот фудбалер, но последните вести се позитивни.
Магнетната резонанса утврди дека Џака нема потешка повреда на коленото и за неколку дека ќе биде во погон.
„Сега многу ми е полесно“, изјави Џака откако ги доби резултатите.
Позитивните вести ги потврди и репрезентативниот доктор Пјети Етјен Фурније.
„Можевме да видиме дека нема проблеми со лигаментите, но моравме да бидеме сигурно и да провериме да не е менискусот. Ни олесна бидејќи во прашање е само болка на коленото и многу сме благодарни што ни дозволија да направиме магнетна веднаш“, вели докторот