Џака и Шаќири донесоа победа за Швајцарија над Србија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Србија прва дојде до водство на мечот против Швајцарија во второто, претпоследно коло од групата „Е“ од Светското првенство во Русија, но, на крајот загуби со 1-2.

Митровиќ уште во 5. минута ги доведе во водство Србите откако беше прецизен во ударот со глава по одличниот центаршут на Тадиќ.

Швајцарците трпеливо ја градеа својата игра и ја плетеа мрежата пред голот на Србија, по само седум минути игра во второто полувреме Џака со еден фантастичен гол донесе израмнување за Швајцарија и најави возбудлива завршница од средбата.

Конечните 1-2 ги постави Шаќири кој одигра одличен меч и беше постојана закана кон голот на Србија, а офанзивецот на Швајцарија победата на својата селекција ја донесе со гол во завршницата.

Во последното коло Швајцарија ќе игра против Костарика која веќе е елиминирана по двата порази, а Србија ќе ги одмери силите против Бразил кој е еден од главните фаворити за светската титула.

Вака стојат работите на табелата во оваа конкуренција: Бразил 4, Швајцарија 4, Србија 3, Костарика 0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани