Две вести кои му одат во прилог на Реал Мадрид следното лето да го купи Халанд

by
1 минути читање

Во прилог на Реал Мадрид одат две информации кои излегоа изминатите денови.

Првата е нерегуларното работење на Манчестер Сити кое може да доведе до санкции на клубот кои ќе значат и исфрлување од Премиерлигата. Во еден таков случај се очекува егзодус на фудбалерите од клубот. Еден од оние кои сигурно би си заминале е и Халанд.

Втората важна информација за Реал Мадрид е шпекулацијата за недоразбирања меѓу Пеп Гвардиола и Ерлинг Халанд.

Халанд руши рекорди, делува моќно, но Манчестер Сити губи бодови, не е доминантен каков што беше. Се верува дека Норвежанецот не се вклопува во фудбалот на Пеп Гвардиола и покрај ефектот кој го има.

Тактиката требаше да биде прилагодена на Халанд, а тоа донесе помалку освоени бодови во однос на минатата сезона и покрај тоа што напаѓачот перфектно си ја врши задачата.

Ваквите настани го приближуваат Халанд до излезната врата од Манчестер Сити, а тоа е добра вест за Реал Мадрид кој би бил главен фаворит во битката по неговиот потпис.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×