Двајца фудбалери на Светското првенство се под истрага за местење натпревари

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува „Атлетик“, напаѓачот на Брегот на Слоновата коска, Ели Ваи е под истрага за местење натпревари, поточно намерно заработен жол картон.

„Атлетик“ денеска излезе со сторија за голем скандал кој се случил непосредно пред мундијалот во САД.

На 29. мај, француската полиција го привела фудбалерот на Ница, Ели Ваи под сомнение за местење натпревари, односно дека намерно заработил жолт картон.

Обложувалниците пријавиле дека имало невообичаено голем број на влогови на тоа дека Ели Ваи ќе заработи жолт каро на натпреварот помеѓу Ница и Мец во последното коло од Лига 1.

По сослушувањето во полициска станица, Ели Ваи бил пуштен на слобода, но истрагата и понатаму е активна.

Напаѓачот оваа недела настапи на Светското првенство, беше стартер во победа од 1-0 на Брегот на Слоновата коска против Еквадор.

Како што пренесува „Атлетик“, уште еден фудбалер од Лига 1, кој исто така е дел од мундијалот, е под истрага за местење натпревари.

ФОТО: X/Équipe Nationale de Football Cote d’Ivoire

Можно е и ова да ти се допаѓа

×