Два гола на Халанд, Норвешка убедлива против Ирак (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Норвешка со 4-1 го победи Ирак, а Ерлинг Халанд ги постигна првите голови на Светските првенства.

Главната ѕвезда на Норвешка, Ерлинг Халанд, имаше старт од соништата на Светските првенства.

Тој го отвори синоќешниот меч со погодоци, даде гол во 29. минута за водство на Норвешка од 1-0.

Ирак успеа да изедначни, Хусеин стрелаше прецизно во 39. минута за 1-1, но овој резултат траеше само четири минути, тогаш Халанд повторно даде гол и ја врати предноста на Норвешка, овојпат од 2-1.

За следниот гол се чекаше до 76. минута кога по асистенција од Одегард, Остигард постигна погодок за 3-1. Веќе беше јасно кој ќе биде победникот.

Во шестата минута од судиското продолжение Хусеин си постигна автогол за конечен резултат од 4-1 за Норвешка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×