Дуро: Жалгирис е фаворит, со реми би биле задоволни

by
2 минути читање

Тренерот на Струга, Шпетим Дуро вели дека би биле презадоволни ако се вратат со реми од Литванија.

„Ние сме дебитанти во овие квалификации за ЛШ и Жалгирис има многу поголемо искуство од нас, зашто во ова натпреварување играат со години, лани го елиминираа за нас добро познатиот Балкани, па потоа и шведски Малме, што е јасен сигнал дека има огромен квалитет“, вели Шпетим Дуро, тренерот на стружани.

„Ние сме млад клуб и голема привилегија да играме во овие квалификации. Јас реков дека искуството за вакви натпреварувања има големо значење, но во фудбалот не секогаш фаворитите победувале. Јасно е дека победникот ќе се решава во два меча, така да ние би биле задоволни со реми“.


@2024 – Сите права задржани