Дуро сега дознал дека утре не може да ја води Струга!

by
3 минути читање

Стружани за овој дуел нема да можат да сметаат на напаѓачот Радески кој заработи црвен картон на реваншот против Есперанж, а на денешната прес-конференција тренерот Шпетим Дури кажа дека и тој е суспендиран и нема да може да биде на клупата.

„Сега дознав дека имам еден меч суспензија од УЕФА, но мора да го прифатам тоа. Тоа е заслужена казна бидејќи по мечот изреагирав жестоко, ја загубив главата по една провокација од клупата на тимот од Луксембург, излегов од контрола. Казната е потполно заслужена, но дефинитивно жалам што нема да можам да го водам тимот од блиску, туку тоа ќе биде со помош на мојот стручен штаб со кој веќе некое време работиме заедно. Ќе кажам дека се ќе биде добро, како што треба“, изјави Дуро на денешната прес-конференција.

„Тоа што го направи Стурга досега е неверојатно достигнување, да се игра во плејоф. Изненадувачки е, но целосно заслужено. Тимот даде максимум на сите шест европски меча досега. Сега имаме уште два меча до групната фаза, ќе го дадеме најдоброто за да се подготвиме и да одиграме на највиско ниво за да се пласираме таму“.

„Го проучувавме противникот. Секој противник е тежок, тоа е тим кој не е многу поразличен од нас, играат физички фудбал, агресивни се, да не заборавиме дека имаат тројца фудбалери кои играат за репрезентацијата на Исланд, но најважно е ние како ќе одиграме. Имаме голема доверба во тимот“.


@2024 – Сите права задржани