Дуро: Нашата цел е пласман во групната фаза од Конференциската лига

by
2 минути читање

Тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро очекува израмнет меч, но вели дека целта на неговиот тим е пласман во групната фаза од Конференциската лига.

„Шансите против Есперанж се израмнети, но ние сакаме да победиме на домашен терен. Нема да менуваме премногу во формацијата. Наша крајна цел е да се пласираме во групната фаза на Конференциската лига, иако знаеме дека ќе биде тешко“, вели Дуро.

За пласман во групната фаза потребно е да се помине Есперанж и да се триумфира во следното кое е и последно квалификациско коло.

@2024 – Сите права задржани