Предвидениот меч
од 22 коло во италијанската Серија Б, помеѓу Лече и Асколи е прекинат, а нема
да се одигра вечерва како што беше предвидено, причината е драмата која настана
при што фудбалерите на обете екипи не беа во можност да го продолжат мечот, па
побараа истиот да се прекине и одложи.
Фудбалерот на
домашниот табор, Мануел Скавоне по само неколку секунди игра падна како покосен
на теренот при еден воздушен дуел, откако падна загуби свест, а веднаш на
теренот влегоа медицинските екипи со амбулантно возило, при што настана голема
паника кај сите актери на теренот.
Скавоне беше
пренесен во болница со амбулантното возило за кое побрзо да излезе од теренот
помогнаа и фудбалерите кои брзо ги тргнаа билбордите, веднаш потоа обете екипи
побараа мечот да се прекине а воедно и одложи.