Драма на Камп Ноу: Јамал погоди и се повреди, итна медицинска помош за навивач на трибините (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Барселона поведе против Селта во финишот на првиот дел, но по голот следуваа драматични моменти, Ламин Јамал се пожали на повреда и се упати во соблекувалната, а еден навивач на трибините доби итна медицинска помош.

Барселона и Селта вечерва се среќаваат на Камп Ноу, домаќините поведоа од пенал во 40. минута, но тука застана мечот.

Откако Ламин Јамал погоди од белата точка, напаѓачот веднаш легна на тревата и се пожали на повреда.

Откако доби помош од лекарскиот тим на Барса, веднаш се упати во соблекувалната.

Но средбата не продолжи бидејќи во меѓувреме еден навивач на трибините доби итна медицинска помош, судијата Мунуера Монтеро разговараше со еден полицаец, кој се симна долу покрај аут линијата за да добие повеќе информации, а на разгласот се побара трпение од останатите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×