Македонските фудбалери имаа разочарувачки настап во Скопје против Грузија, пораз од 3-0 кој веројатно ќе биде клучен за првото место.
Тој загубен меч ни ги сведе на минимум шансите за прогрес во Лигата на нации и пласман на Европското првенство.
Македонскиот напаѓач, Доријан Бабунски вели дека мора да се подобри ефикасноста но и не смееме да паднеме во темпото.
„Во првите мечеви покажавме високо ниво и ако продолжиме да се држиме до тоа, можеме да дојдеме до позитивни резултати. Мора да бидеме поефикасни во споредба со минатите мечеви, особено на тој меч со Грузијците на кој имавме низа шанси во првите 60 минути. Сега мора да сме поефикасни, да дадеме голови што побрзо“, вели Бабунски.
„Против Грузија игравме подобро, но паднавме тие последни 20-30 минути, можеби тоа беше и физички замор не знам, но треба да играме како што почнавме, да го држиме темпото цели 90 минути. Многу важни играчи не се тука сега, но тие што се тука играат и мислам дека ќе покажат дека можеме да го задржиме нивото“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.