Доријан Бабунски се сели во Швајцарија, напаѓачот е пред трансфер во Грасхоперс

by
1 минути читање

Бабунски вчера не
беше во составот на Дебрецин во поразот со 1-3 од МТК Будимпешта, па Благоевиќ
призна дека е многу блиску до заминување и дека наскоро би требало да се
реализира трансферот.

„Бабунски не е во
составот зашто преговара со клубови за трансфер. Процесот е почнат, но не сум
запознаен со детали. Но, причината зашто не играше е токму таа“
, рече
Благојевиќ.

Според „Немзети“,
Дебрецин добил исклучително добра понуда за Бабунски и сега е пред
официјализација тој трансфер. Бабунски во Дебрецин дојде во јануари 2022 година
од бугарски Ботев Враца и оттогаш на 55 меча даде 18 гола и имаше седум
асистенции.

Во минатата
сезона беше најдобар стрелц на Дебрецин со 13 гола и беше избран за играч на
годината во клубот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани