93
Македонскиот фудбалер Љупче Дориев продолжува да блеска во шампионатот на Узбекистан. На последниот натпревар против Кизилкум беше клучната фигура во победата на Согдиана, со еден гол и една асистенција.
Дориев прецизно реализираше пенал во 14-тата минута за водство од 1-0, а потоа му асистираше на Хебај за вториот гол.
Со овој погодок македонскиот напаѓач стигна до бројката од 15 гола во првенството, што го поставува на второто место на листата на стрелци, зад Игор Сергеев кој има три повеќе. Освен тоа, Дориев досега запиша и шест асистенции.