Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува со одличните настапи во узбекистанскиот шампионат. Минатата недела токму неговиот гол донесе три вредни бодови за тимот на Согдиана, кој славеше над Хоразм Урганч со 1-0.
Дориев стрелаше во 84. минута со што го одлучи натпреварот во корист на својот тим, а на тој начин македонскиот фудбалер си обезбеди и место во тимот на колото.
Согдиана од почетокот на сезоната се наоѓа на 12. позиција со 13 бодови, додека за Дориев ова беше седми гол, а има и четири асистенции во 14 натпревари.