Донарума: Не одиме по одмазда во Македонија, иако сме бесни што нѐ елиминираа!

by
2 минути читање

Донарума немаше работа повеќе од 90 минути во Палермо, но еден шут на Александар Трајковски во 93-та минута не успеа да го фати за општа еуфорија во Македонија и потоп на четирикратниот светски првак, кој последен пат на СП играше во Бразил во 2014 година.

„Не одиме во Скопје по одмазда! Мора прво ние да се гледаме, но за нас ова е еден многу важен меч. Знаеме против кого играме, знаеме дека поради Македонците не отидовме на СП откако загубивме во Палермо. И да, сѐ уште сме бесни, затоа имаме голема желба да одиграме добро и да победиме, но знаеме дека нема да ни биде лесно. Секој меч со Македонија ни беше тежок, па и првиот кога јас и Џиџи Буфон бевме заедно, а победивме со 3-2. Мора добро да се подготвиме и да сме внимателни, а исто така мора да имаме верба во себе дека може да победиме“, рече Донарума.

@2024 – Сите права задржани