Долго ќе го пцуе, обложувач не фати 140.000 фунти поради Иван Перишиќ (ФОТО)

by
2 минути читање

Марк Морисон од
Абердин решил да си ја испроба среќата пред мечевите од четвртфиналето на
мундијалот и уплатил дека Кевин Де Брујне, Антоан Гризман и Иван Перишиќ ќе постигнат гол
надвор од шеснасетникот, а Хари Мегвајер ќе ја затресе мрежата со глава. Тој
вложил само една фунта, а добивката изнесувала неверојатни 140.000 фунти.

Гризман со голема
доза на среќа погоди надвор од шеснаесетникот против Уругвај откако Муслера
лошо ја процени топката и дозволи да му се лизне низ раце. Потоа Де Брујне
биеше неодбранливо против Бразил од работ на шеснаесетникот за Мегвајер да
скокне највиско по еден корнер и со глава да ја матира Шведска.

Лудиот тикет на
Марк Морисон полека станувал реалност, и пред почетокот на мечот помеѓу Русија
и Хрватска тој добил понуда за предвремена исплата од 4.500 фунти.

„Без разлика што
ми понудија предвремена исплата од 4.500 фунти, направив прав избор кога решив
да одам до самиот крај, ќе се изедев жив доколку тикетот испаднеше
“ – вели Марк
Морисон.

„Се собравме со
другарите за да го проследиме мечот и скокавме скогаш кога Перишиќ ќе ја
добиеше топката“.
 

За негова
несреќа, Иван Перишиќ не успеа да ја затресе мрежата на Русија, а згора на тоа,
фудбалерот на Интер беше повлечен од игра во 63. минута од мечот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани