Докторот го праша Гави кој ден е… и неговиот одговор е изненадувачки

by bojan
1 минути читање
gavi

Медиумите од Шпанија откриваат детали од разговорот помеѓу докторите и Гави, кој имаше страшен судар со глави со Конечни на натпреварот помеѓу Барселона и Алавес.

Гави предвреме го заврши синоќениот натпревар помеѓу Барселона и Алавес, фудбалерот од средниот ред не доби зелено светло од докторите да се врати на теренот по страшниот судар со глави со противничкиот играч Конечни.

Докторите ги следеа протоколите, разговараа со Гави и му поставија неколку прашања.

„Кој ден е денес?“ – праша докторот, а Шпанецот одговори: „Немам еб*на идеа кој ден е денес!“.

Гави точно одговори дека натпреварот почнал во 14 часот, но бидејќи не кажа кој ден е, не доби дозвола од докторот да продолжи да игра.

Гави инсистираше, а потоа пријде капитенот Рафиња и го смири: „Слушај, доби страшен удар во глава“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани