2,4K
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов стрела во победата на својот тим Јагелонија над Мотор Лублин (3-0), во рамките на полскиот шампионат.
Нашето крило одлично се снајде во една ситуација, проби по левата страна и го издрибла својот чувар па испрати прецизен низок удар во спротивниот агол. Овој погодок со сигурност ќе остане запаметен во главата на Чурлинов, бидејќи во моментите кога го постигна навивачите на Јагелонија имаа извадено луда кореографија која изгледаше импресивно.
Ова беше трет сезонски гол на Чурлинов во дресот на Јагелонија.
Piękne wykończenie#JAGMOT pic.twitter.com/VqZP0m9xmF
— Polski Ligowiec (@polski_ligowiec) February 16, 2025