Додека Аспиликуета се бореше за живот, Мудрик и Феликс си правеа циркус (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аспиликуета доби силен удар во главата, лекарите неколку минути му укажуваа помош на теренот, а потоа веднаш беше пренесен во болница. Фудбалерот на Челси се онесвести, Ковачиќ му ја отвораше устата и внимаваше да не го голтне јазикот. Но, не сите играчи на Челси покажаа загриженост.

Мудрик и Феликс си ја додаваа топката додека му се укажуваше помош на Аспиликуета. Тоа не им се допадна на голем дел од фановите на Челси.

„Неверојатно“, „Додека нашиот капитен се бори за живот, тие двајца изведуваат циркузијада“, „Комплетно неприфатливо однесување во ваков момент“, „Видете ги Мудрик и Феликс, какви будали“, се дел од коментарите на навивачите на Челси на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани