Кристијан Атсу беше еден од фудбалерите по кои се трагаше по страотниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.
Вчера пристигнаа добри вести, односно дека спасувачите успеале да го извлечат телото на фудбалерот од под урнатините и да го префрлат во болница, на социјалните мрежи дури беше објавено и видео од акцијата на спасувачите.
Сепак, утрово почнаа да кружат информации дека Кристијан Атсу останува изчезнат. Клупскиот доктор на Хатајспорт откри дека по добиената информација дека фудбалерот е во болница, ги посетиле сите болници, но никаде не го нашле играчот од Гана.
Вечерва се огласи и директорот Мустафа Озан, кој рече: „Вчера добив информации дека Кристијан Атсу е извлечен од под урнатините, но тие не биле точни. Истите тие информации јас ги проследив до медиумите“.
„Како што стојат работите во моментов, Кристијан Атсу и Танер Савут (спортскиот директор) се уште се под урнатините“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.