157
Барселона преку соопштение потврди дека повредата на Бускетс не е страшна, но не информираше колку време тој ќе биде во аут, сепак според шпанските медиуми, играчот ќе се врати на теренот за две ндели.
„По повредата добиена во неделата на мечот со Еибар, Серхио Бускетс беше подложен на детални тестови со цел да се види тежината на проблемот. Резултатите потврдија дека Бускетс има истегнување на лигаментите на десниот зглоб. Неговото враќање ќе завси од тоа како ќе се одвива рехабилитацијата“ – стои во соопштението на Барселона.
Повредата на Бускетс изгледаше пострашно од дијагнозата, тој во 8. минута од мечот на носилки беше изваден од теренот.