93
25-годишниот Мејсон на мечот против Челси одигран на 22. јануари заработи тешка повреда по судар со Гери Кејхил по што веднаш беше префрлен во болница.
Мејсон заработи скршеница на черепот по што веднаш беше подложен на операција, фудбалерот се бореше за живот, но благодарение на навремената интервенција на докторите состојбата брзо беше стабилизирана.
„Клубот е среќен што може да информира дека Рајан Мејсон е отпуштен од болницата Сент Мери во Лондон“ – стои во соопштението на Хал.
Фудбалерот рехабилитацијата ќе ја продолжи во домашни услови, а клубот се заблагодари за бројните пораки кои пристигнале за брзо опоравување на Рајан Мејсон.