Добри вести од Динамо Загреб, повредата на Адеми не е сериозна

by
1 минути читање

За да престанат шпеулациите околу повредата на Адеми, Динамо Загреб излезе со официјално соопштение.

„Врз основа на големиот интерес на медиумите и некои неосновани информации што се појавија во медиумите, а поврзани со шпекулациите за здравствената состојба на капитенот на Динамо, ја информираме јавноста дека лекарските тестови покажаа мало оштетување на десниот мускул на ногата. Клупската медицинска служба го почна процесот на рехабилитација и физикална терапија, а во зависност од текот на овој процес ќе се дефинира времето на враќање на нашиот капитен во тренажниот процес. Адеми денеска веќе се чувствува многу подобро“, изјавија од Динамо.

Тоа значи дека Адеми ќе биде подготвен за настапите на македонската репрезентација во квалификациите за СП.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани