Добра вест: Кеан се враќа на терените

by Стефан
1 минути читање

Напаѓачот на Фиорентина, Мојсие Кеан доби дозвола да се врати на терените по повредата на главата и мечот во кој колабираше на теренот.

Информацијата ја потврди Фиорентина преку социјалните мрежи.

„Кеан утрово направи детални прегледи на главата по повредата која ја заработи против Верона. Резултатите покажаа дека тој може да продолжи со активностите на еден професионален фудбалер“, објави Фиорентина.

Кеан колабираше на теренот на 23 февруари во дуелот со Верона во Серија А откако претходно се судри со двајца противнички фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани