До кога Челси ќе го толерира Потер? Веќе се шпекулира со можниот нов тренер на Челси

by
1 минути читање

„Сините“ се во очајна форма и покрај тоа што беа потрошени преку 600 милиони евра на засилувања, Челси има само две победи на последните 14 натпревари.

Изминатиов викенд, Саутемптон славеше на „Стемфорд Бриџ“ а од трибините можеа да се слушнат свирежи и на полувремето и на крајот од натпреварот, навивачите ја бараат главата на Грем Потер.

Од клубот испраќаат сигнали дека Грем Потер ја има поддршката на бордот на директори и останува дел од долгорочниот проект, но како што пренесува Токспорт, газдата Тод Боли полека го губи трпението.

Па доколку не се подобрат резултатите во следниот период, Грем Потер би можел да добие отказ, многу работи ќе завист од исходот на реваншот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.

Една од опциите за нов тренер е Маурисио Покетино, кој е без работа и има желба да се врати во Премиерлигата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани