Дмитровиќ за фанот на ПСВ: Има среќа што се воздржав, ако ви откријам што сакав да му направам…

by
1 минути читање

На синоќешниот
натпревар помеѓу ПСВ и Севиља во Лига Европа се случи голем инцидент, во
завршните мигови од мечот, навивач се смина на теренот и го нападна гостинскиот
голман, но веднаш зажали, Марко Дмитровиќ го собори хулиганот на земја.

„Претпоставувам
дека беше гневен поради резултатот на неговиот тим, веројатно малку беше и луд
или пијан. Ме турна, ме удри но јас го соборив и чекав да дојде обезбедувањето“
– вели Србинот.

„Ќе замолчам и
нема да кажам што навистина сакав да му направам. Има среќа што се воздржав.
Кога некој ме напаѓа, секако дека ќе се бранам“.

„Ме обзеде лутина
од сето тоа што се случи, вакви работи не смеат да се случуваат на фудбалски
натпревар. УЕФА мора да реагира, ваквите инциденти мора да престанат“. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани