Дмитровиќ ги покажа гребаниците од пресметката со навивачот на ПСВ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Марко Дмитровиќ беше инволвиран во еден голем инцидент на вчерашниот натпревар помеѓу ПСВ и Севиља во Ајндховен, навивач се симна од трибините и го нападна голманот.

Србинот потоа го собори навивачот на земја и го држеше додека да пристигне обезбедувањето.

Во разговор со Мувистар, Марко Дмитровиќ ја покажа гребаницата по вратат и откри дека сакал да му удри бокс.

„Ме закачи малку по носот и по вратот. Сакав да го удрам, но тоа не е убаво. Доколку сакате да удирате некого, се запишувате на бокс. Во фудбалот нема простор за вакви работи“ – вели Србинот.

„Се надевам дека ќе го казнат. Се изненадив, бев фокусиран на натпреварот и одеднаш тој ме турна. Потоа се обиде да ме удри. Не дека сум бил инволвиран во многу тепачки, но знам да се бранам. Доста говориме за ова, ова не треба да се случува ниту во фудбалот, ниту во животот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×